За да направите нарачка потребно е да го одберете посакуваниот производ. По направениот избор на десната страна можете да ја изберете вашата величина и  количина која ја купувате. За да направите правилен избор на величината која Ви одговара со избирање на копчето “ДИМЕНЗИИ”, Ви се отвара табела со мерки на телото.

По завршување на изборот и притискање на копчето “ДОДАЈ ВО КОШНИЦА” продолжувате кон плаќање. За да направите увид во кошничката потребно е да го изберете копчето “ПОГЛЕДНИ КОШНИЧКА”. Во кошничката ќе ги имате сите избрани производи кои можете да ги ажурирате.

Доколку имате код за попуст истиот внесете го во полето означено како “КОД НА КУПОНОТ” и иберете “ПРИМЕНИ КУПОН”.

По завршување за финализирање на нарачката потребно е да го изберете копчето “ПРОДОЛЖИ КОН НАПЛАТА”.

На левата страна ги внесувате Вашите поддатоци, повторно имате увид во направеното купување и за да го финализирате истото потребно е да го изберете копчето “НАПРАВИ НАРАЧКА”, со што пристапувате кон страната за плаќање со платежна картичка.

Плаќање со платежна картичка:

Можете да платите со користење на платежните картички на Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro. Картичката мора да биде одобрена за онлајн (интернет) плаќање од страна на банката која ја издала. Во текот на процесирање на онлајн нарачката, по одбирање на начинот на плаќање ќе бидeте редиректирани до страната на CPAY која е сигурна и заштитена за ваков вид плаќања. Податоците за Вашата картичка во ниту еден момент не се достапни во нашиот систем.

На оваа страница потребно е да ги внесете следните податоци :

–    Број на платежната картичка

–    Име и презиме на носителот на картичката

–    Датумот на важност на картичката

–    CVV2/CVC2 код, кој може да го прочитате на вашата картичка

Податоците кои се внесуваат се наменети исклучиво за комуникација помеѓу корисникот на картичката и Комерцијална Банка/ CPAY, додека интернет трговецот нема никаков увид или пристап до податоците кои се пренесуваат.

 

Напомена:

Во случај на откажување на нарачката или на некој од производите, Вашите средства ќе Ви бидат рефундирани во рок од 14 денови на картичката со која сте го извршиле купувањето.

 

Испорака

Сербез нуди бесплатна стандардна испорака за секоја нарачка над 3000 денари.

За нарачки под 3000 денари, доставата чини 130 денари. Рокот на испорака е од 3 до 5 работни дена.

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 9:00 до 16:00 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Пред да се изврши доставата, вообичаена пракса е курирот да Ве побара на телефонскиот број кој сте сте го впишале при креирање на нарачката со цел да го потврдите терминот за достава. Доколку курирот не ве најде на дадената адреса, должен е повторно да Ве побара. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава

Адресата на испорака може да се разликува од адресата за наплата. Доколу истата се разликува при внесување на личните поддатоци на десната страна во прозорецот внесете ја адресата на испорака.

 

Плаќања

Сите цени кои што се објавени на сајтот на Себез се прикажани со вклучен ДДВ.

За да купите производи преку сајтот, достапни се два начини на плаќање

– со платежна картичка или плаќање по испорака во готово.

– плаќање по испорака, се плаќа на курирот, веднаш по испорака на Вашата пратка , исклучиво во готовина.

Доколку е потребно да се рефундираат средства за производи кои што се нарачани со плаќање во готовина, по испорака, рефундацијата се прави исклучиво на трансакциска сметка на корисникот.

Плаќање со платежна картичка:

Можете да платите со користење на платежните картички на Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro. Картичката мора да биде одобрена за онлајн (интернет) плаќање од страна на банката која ја издала.

Во текот на процесирање на онлајн нарачката, по одбирање на начинот на плаќање ќе бидeте редиректирани до страната на CPAY која е сигурна и заштитена за ваков вид плаќања. Податоците за вашата картичка во ниту еден момент не се достапни во нашиот систем.

На оваа страница потребно е да ги внесете следните податоци:

–    Број на платежната картичка

–    Име и презиме на носителот на картичката

–    Датумот на важност на картичката

–    CVV2/CVC2 код, кој може да го прочитате на вашата картичка

 

Податоците кои се внесуваат се наменети исклучиво за комуникација помеѓу корисникот на картичката и Комерцијална Банка/ CPAY, додека интернет трговецот нема никаков увид или пристап до податоците кои се пренесуваат.

Напомена: Во случај на откажување на нарачката вашите средства ќе ви бидат рефундирани во рок до 14 денови.

Може ли да добијам фактура направена на името на мојата компанија?

Доколку при внесување на Вашите лични поддатоци внесете име на компанија и плаќањето е генерирано од деловна картичка, при самото процесирање на нарачката и наплата ќе генеираме фактура.

Доколку направите нарачка на име на компанија, без да се процесира картично плаќање ќе Ви биде изготвена про-фактура, по направеното плаќање на про-фактурата, ќе извршиме достава на адреса. При доставување на пратката ќе Ви биде доставена фактура во оригинал.

 

Замена и поплаки

Правото на замена важи 5 дена. Овој период се пресметува од датумот кога го добивате производот(ите). Рефундација не вршиме. За да важи правото на замена, производите во вашата нарачка мора да се вратат во истата состојба во која се примени. Ова значи дека не смеете да сте ги користеле производите во поголема мера отколку што е потребно за да ја проверите големината, одговарањето итн.

Ако примите оштетена пратка, побарајте од превозникот да го документира ова. Алтернативно, можете да одбиете да ја прифатите пратката и да ја пријавите штетата на доставувачот. Пријавувањето на оштетен производ го вршите ислучиво по маил преку пријавување на [email protected], со испраќање на фотографија и објаснување.