Условите на користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб страната www.serbez.mk.

Користењето на оваа веб страница значи дека сте запознаени со овие услови доколку го користите било кој дел од нашиот портал, како и дека прифаќате дека користењето на оваа веб страна е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.

 

ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА

Брендот Сербез е во сопствност на МК Вера Монд ДООЕЛ, ул Железничка 14а Штип, ДБ 4029997110490.

 

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

Почитувани корисници,

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа апликација.

  1. Општи одредби

Вера Монд ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и/или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на Вера Монд е строго забрането. Прекршување на општите услови  за употреба можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.

Вера Монд ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Штип, Република Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република С.Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација ниту било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република С. Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република С.Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите. Вера Монд може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

  1. Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)

 Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.serbez.mk. со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со законите за заштита на приватноста. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски материјали или материјали со навредлива содржина.

 Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и ќе се користат за маркетинг и комерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.

  1. Врски (линкови) кон други веб локации

Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.

  1. Кориснички блог

Вера Монд го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив.

Сите инфорамации во врска со трансакцијата на купувач – онлајн продавницата на Сербез, се сметаат за деловна тајна и се третираат согласно законските прописи на Република С.Македонија.

 

КУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА

За да направите нарачка потребно е да го одберете посакуваниот производ. По направениот избор на десната страна можете да ја изберете вашата величина и  количина која ја купувате. За да направите правилен избор на величината која Ви одговара со избирање на копчето “ДИМЕНЗИИ”, Ви се отвара табела со мерки на телото.

По завршување на изборот и притискање на копчето “ДОДАЈ ВО КОШНИЦА” продолжувате кон плаќање. За да направите увид во кошничката потребно е да го изберете копчето “ПОГЛЕДНИ КОШНИЧКА”. Во кошничката ќе ги имате сите избрани производи кои можете да ги ажурирате.

Доколку имате код за попуст истиот внесете го во полето означено како “КОД НА КУПОНОТ” и иберете “ПРИМЕНИ КУПОН”.

По завршување за финализирање на нарачката потребно е да го изберете копчето “ПРОДОЛЖИ КОН НАПЛАТА”.

На левата страна ги внесувате Вашите поддатоци, повторно имате увид во направеното купување и за да го финализирате истото потребно е да го изберете копчето “НАПРАВИ НАРАЧКА”, со што пристапувате кон страната за плаќање со платежна картичка.

Плаќање со платежна картичка:

Можете да платите со користење на платежните картички на Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro. Картичката мора да биде одобрена за онлајн (интернет) плаќање од страна на банката која ја издала. Во текот на процесирање на онлајн нарачката, по одбирање на начинот на плаќање ќе бидeте редиректирани до страната на CPAY која е сигурна и заштитена за ваков вид плаќања. Податоците за Вашата картичка во ниту еден момент не се достапни во нашиот систем.

На оваа страница потребно е да ги внесете следните податоци :

–    Број на платежната картичка

–    Име и презиме на носителот на картичката

–    Датумот на важност на картичката

–    CVV2/CVC2 код, кој може да го прочитате на вашата картичка

Податоците кои се внесуваат се наменети исклучиво за комуникација помеѓу корисникот на картичката и Комерцијална Банка/ CPAY, додека интернет трговецот нема никаков увид или пристап до податоците кои се пренесуваат.

 

Напомена:

Во случај на откажување на нарачката или на некој од производите, Вашите средства ќе Ви бидат рефундирани во рок од 14 денови на картичката со која сте го извршиле купувањето.

Сербез нуди бесплатна стандардна испорака за секоја нарачка над 3000 денари. За нарачки под 3000 денари, доставата чини 130 денари. Рокот на испорака е од 3 до 5 работни дена.

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 9:00 до 16:00 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Пред да се изврши доставата, вообичаена пракса е курирот да Ве побара на телефонскиот број кој сте сте го впишале при креирање на нарачката со цел да го потврдите терминот за достава. Доколку курирот не ве најде на дадената адреса, должен е повторно да Ве побара. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава

Сите цени кои што се објавени на сајтот на Себез се прикажани со вклучен ДДВ.

За да купите производи преку сајтот, достапни се два начини на плаќање – со платежна картичка или плаќање по испорака во готово. Се плаќа на курирот, веднаш по испорака на Вашата пратка , исклучиво во готовина.

Доколку е потребно да се рефундираат средства за производи кои што се нарачани со плаќање во готовина, по испорака, рефундацијата се прави исклучиво на трансакциска сметка на корисникот.

Плаќање со платежна картичка:

Можете да платите со користење на платежните картички на Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro. Картичката мора да биде одобрена за онлајн (интернет) плаќање од страна на банката која ја издала.

Во текот на процесирање на онлајн нарачката, по одбирање на начинот на плаќање ќе бидeте редиректирани до страната на CPAY која е сигурна и заштитена за ваков вид плаќања. Податоците за вашата картичка во ниту еден момент не се достапни во нашиот систем.

На оваа страница потребно е да ги внесете следните податоци:

–    Број на платежната картичка

–    Име и презиме на носителот на картичката

–    Датумот на важност на картичката

–    CVV2/CVC2 код, кој може да го прочитате на вашата картичка

 

Податоците кои се внесуваат се наменети исклучиво за комуникација помеѓу корисникот на картичката и Комерцијална Банка/ CPAY, додека интернет трговецот нема никаков увид или пристап до податоците кои се пренесуваат.

Напомена: Во случај на откажување на нарачката вашите средства ќе ви бидат рефундирани во рок до 14 денови.

Доколку при внесување на Вашите лични поддатоци внесете име на компанија и плаќањето е генерирано од деловна картичка, при самото процесирање на нарачката и наплата ќе генеираме фактура.

Доколку направите нарачка на име на компанија, без да се процесира картично плаќање ќе Ви биде изготвена про-фактура, по направеното плаќање на про-фактурата, ќе извршиме достава на адреса. При доставување на пратката ќе Ви биде доставена фактура во оригинал.

 

РЕКЛАМАЦИИ

Производот кој што е нарачан онлајн и е доставен од страна на курирската служба, потребно е да го проверите веднаш по приемот и доколку истиот има видливи оштетувања, како искинати делови или нагмечувања веднаш пријавете до контакт центарот на Сербез на е-маил [email protected] или на еден од телефонските броеви наведени на сајт.

Со цел да се процесира рекламацијата потребно е да ни испратите е-маил со следните информации:

– Број на нарачка.

– Шифра и величина на производот што сакате да го рекламирате.

– Опис на проблемот што го имате и слика од оштетениот производ.

Рекламацијата без потребните информации се смета за некомплетна.

 

Пријавувањето на производ кој што е ошететен потребно е да го направите во рок од 24 часа од приемот на пратката. Производот треба да биде спакуван во неговото оригинално пакување со етикета, декларација, кутија, фактура и истиот не треба да е носен и/или перен.

Рекламациите се прават исклучиво онлајн и не е можна физичка рекламација за производи нарачани онлајн во нашите продавници.

 

ПОВРАТ НА ПРОИЗВОДИ

Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.

Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, а без оглед на причината за враќање, MK Вера Монд има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

Доколку е потребно да се креира поврат и рефундација за производи кои што се платени во готово при превземање на нарачката, рефундацијата не може да се направи во готовина, туку се прави на трансакциската сметка на корисникот која што ни ја доставил во своето барање за поврат.

 

ПОТРОШУВАЧКИ ПРИГОВОРИ

Вашите приговори и забелешки може да ни ги доставите на [email protected] или по пошта на нашата адреса наведена погоре.

 

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.

 

Во име на компанијата Вера Монд се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно деловните пракси со цел давање квалитетна услуга.

На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од мejлинг листата.

Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на менаџерите од ИТ Секторот, на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Менаџерите од ИТ секторот за техничка подршка во групацијата  ФЕШН ГРУП се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

 

Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме, Комерцијална банка која е сертифицирана за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката со користење и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка.

 

При обработката на личните податоци се преземаат потребните технички и организациски мерки за да се обезбеди соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.

 

Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци. Освен тоа, кога за потребите на испорака на нарачаните производи до купувачите ќе бидат ангажирани овластени субјекти за вршење на поштенски услуги, истите како обработувачи се обврзуваат да обезбедат заштита на личните податоци кои е потребно да бидат обработувани во процесот на давање на нивните услуги.

 

Веб страницата www.serbez.mk не е наменета за лица под 14 години. Немаме за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 14 години. Во случај лице под 14 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите родители и/или старатели, треба веднаш да бидеме известени преку контактот наведен подолу.

 

Личните податоци кои се обработуваат преку веб страницата www.serbez.mk може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат. На корисниците им даваме можност за избор, вклучувајќи можност во секое време да ја повлечат дадената согласност за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг.

 

Согласноста за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг се дава при регистрацијата на веб страницата со избирање на опцијата – се согласувам да добивам известувања на е-меил, со што дадената согласност се однесува исклучиво за целите на директен маркетинг со испраќање на известувања и маркетинг материјали на е-меил адресата дадена од страна на давателот на согласноста, без притоа да се врзува ваквата согласност со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.

 

Секое лице кое дало согласност за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја измени или повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цел на директен маркетинг со кликнување на опцијата update your preferences (за измена) и unsubscribe from this list (за повлекување на согласност), која опција се наоѓа на долниот дел, односно на крајот на страницата на сите маркетинг материјали кои се  доставуваат за целите на директен маркетинг по основ на дадената согласност, без притоа да се врзува ваквото повлекување на согласност за цели на директен маркетинг со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.

 

Личните податоци доставени преку веб страницата се чуваат онолку време колку што е потребно за исполнување на целите поради кои се обработуваат личните податоци, при што се применуваат следните рокови:

– податоците дадени за реализација на нарачки и плаќање се чуваат до завршување на административните и сметководствени процедури, додека податоците за задолжувањата за плаќање се чуваат 10 години од денот на издавање на сметка/фактура;

– податоците дадени поврзано со процедури за враќање или замена на производи се чуваат до истек на законските рокови за рекламации и замена;

– податоците дадени при посета на веб страната, креирање профил, најава и регистрација, како и за маркетинг цели се чуваат до повлекување на согласноста, односно до спроведување на барање за бришење на податоци;

– податоците дадени при аплицирање за вработување се чуваат 5 години од поднесувањето или до спроведување на барање за бришење на податоци.

 

ПРАВА НА КОРИСНИЦИТЕ

Корисниците имаат право да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци, како и имаат право да побараат пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на нивните лични податоци или да поднесат приговор.

Корисниците имаат право во секое време да ги повлечат дадените согласности во врска со обработката на нивните лични податоци.

 

СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ

Користењето на нашите услуги подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Се обврзуваме дека ќе се придржуваме до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа веб страница.