Производот може да се врати во рок од 14 дена од денот на приемот на производот со приложување на фактурата, при што производот мора да бидe вратен неупотребуван, со сочуван изглед и употребни својства, неоштетен, неперен и спакуван во неговото оригинално пакување со сочувани фабрички означувања и етикета. Исто така, нарачаниот производ не може да се врати доколку истиот е носен. Во спротивно потрошувачот го губи правото на повлекување.


Правото на повлекување може да го остварите најдоцна во рок од 14 дена од прием на производот. Со цел да се процесира вашето известување за повлекување од договор односно враќање на производ, ве молиме испратете ни го на е-маил на [email protected] или обратете ни се телефонски на 070 777 977. Со поднесување на известување за повлекување од договор се согласувате од наша страна да бидат обработувани Вашите лични податоци, вклучувајќи доколку е потребно и број на трансакциска сметка, кои се неопходни за цели на постапување по Вашето известување за повлекување од договор, враќање на производ и рефундација на средства. Повеќе информации прочитајте во делот Политика за приватност.


Враќањето на производите или откажување на нарачката може да се направи исклучиво онлајн.


Откако производот ќе се врати во продавница, ќе се утврди дали производот е вратен во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека производот не е вратен во соодветната состојба, ќе биде одбиено барањето за поврат и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.


Без претходна комуникација и договор со операторите во Онлајн продавница, преку еден од контакт телефоните или на е-маилот кој е наведен погоре, не можете самоиницијативно да правите поврат.


Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме контактирајте не на 070 777 977 Понеделник – Петок 08-16ч или испратете е-маил со свои податоци (име, презиме и телефон) на [email protected] заради понатамошни инструкции за процесирање на Вашето барање.

 

РОК ЗА ПОВРАТ НА ПРОИЗВОД

Процедурата за поврат на производи купувачот може да ја започне најдоцна во рок од 14 дена од прием на производот.

 

ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВА

Во случај на повлекување/замена на производот трошокот за враќање/достава на нов производ е 160 денари со вклучен ддв, без оглед на вредноста на производот кој се враќа/заменува. Исклучок е доколку купувачот добил неисправен или погрешен производ.

 

РЕФУНДАЦИЈА НА СРЕДСТВА

Во случај на поврат на средства, а без оглед на причината за враќање на производот, Вера Монд има обврска враќањето на средствата да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката, а доколку производот бил платен во готово по испорака, рефундацијата се врши на трансакциската сметка на купувачот. Целокупната процедура за рефундација може да трае до 14 дена.

 

НАПОМЕНА:

Со потврда на нарачката, со клик на копчето ПОТВРДИ, се согласувате со условите за повлекување од договор и враќање на производи.