СТИЛ КОЈ НЕ ИЗБЛЕДНУВА

БЕЛА
ЕВОЛУЦИЈА

„Сербез“ е моден бренд инспириран од храброста и самодовербата на жената низ вековите. Сербез ја трансформира безвременска памучна бела кошула во уникатен дизајн кој обезбедува неспоредлива удобност, постигнувајќи рамнотежа помеѓу елеганцијата, комфортот и самоодржливоста. Сербез елегантно ја спојува софистицираноста со минимализмот и допирот на ретро привлечноста.

СТИЛ КОЈ НЕ ИЗБЛЕДНУВА

СОВРЕМЕН
ДИЗАЈН

Како технологијата така и модата е во константно менување. Колку и да изгледаат далечни овие две области тие одат заедно и постојано внесуваат решенија во секојдневниот живот. Новите технологии придонесуваат во еко-текстилна револуција и создавање на одржлива мода. Токму така и Сербез е бренд чиј производи се создадени со помош на 3D Fashion Softwаre и реализирано производство со НУЛА отпад. Современиот дизајн за нас не е само форма, тоа е начин на размислување и делување во општеството.

СТИЛ КОЈ НЕ ИЗБЛЕДНУВА

БЕЗВРЕМЕНСКО
ПЛАТНО

Сербез е повеќе од име. Тоа е ветување за автентичност и светилник на уметноста. Секоја кошула е платно, насликана со приказни на самодоверба, грациозност и наследство кое чека да се носи. Не ве покануваме само да носите бела кошула. Ве покануваме да носите наратив, да станете дел од сагата за Сербез.

Каде што едноставноста се среќава со смелоста

Јасмина

Продукт менаџер со долгогодишно искуство во модата. Преку дигитализација, реши да сврти нова страница во македонската текстилна индустрија, покажувајќи дека новите технологии отвораат бескрајни можности. Заедно со нејзиниот тим го создадоа брендот Сербез.

Александра

Креативен директор, со долгогодишно искуство во креативната индустрија и уметност. Таа е личноста која ја внесува уметноста во производите на уникатен креативен начин за да ја изрази едноставноста, убавината и силата на жената.

Јована

3Д моден дизајнер и тренер за 3Д моден дизајн. Заедно со Цветанка се нова генерација дизајнери кои користат нова 3Д технологија во процесот на развој на производи. И двете се посветени на развојот на производи на Сербез и инспирирани од бескрајните можности на новите 3Д технологии, го споделуваат своето знаење со идната млада генерација на Fashion Freelancer (www.fashion-freelnacer.mk).

Цветанка

3Д моден дизајнер и тренер за 3Д моден дизајн. Заедно со Јована се нова генерација дизајнери кои користат нова 3Д технологија во процесот на развој на производи. И двете се посветени на развојот на производи на Сербез и инспирирани од бескрајните можности на новите 3Д технологии, го споделуваат своето знаење со идната млада генерација на Fashion Freelancer (www.fashion-freelnacer.mk).

Кариера

Ние во Сербез создаваме мода за модерни и независни жени. Работиме иновативно посветени на безвременската бела кошула. Сакаме да ја продолжиме нашата филозофија со квалификувани и мотивирани вработени.

Многу луѓе со различни таленти го збогатуваат нашето секојдневие. Нудиме професионална, енергична и меѓународна работна средина, каде што секој вработен е почитуван поради неговата личност и индивидуалност.

Креативни проекти, разновидни одговорности и возбудливи можности за развој – ова е Сербез.

Доколку се пронаоѓате во погоре дадениот опис и сметата дека можте да дадете свој придонес, со задоволство ќе го земеме во предвид вашето CV.

    Прикачи CV (PDF, DOC, DOCX)